Триесет и осумгодишен маж од Гостивар со иницијали С.Ѓ. пријавил дека вчера на улицата „Ѓорче Петров“ во спортската обложувалница вработен од обезбедувањето му побарал наводен паричен долг од 1.000 денари.
Полицијата соопшти дека помеѓу двајцата настанала вербална расправија, излегле надвор и се упатиле позади објектот на обложувалницата, каде имало уште две непознати лица кои физички го нападнале С.Ѓ. и му зеле пари.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.