Мотоциклист е тешко повреден по судир со автомобил. Инцидентот се случил попладнево во скопската населба Чаир.
Несреќата се случила пред неколку часа на улицата Ќемал Сејфула, пред спортската сала „Партизан“, кога дошло до судир меѓу мотоцикл и автомобил „опел“.
По ударот мотоциклистот се излизгал и паднал од моторот по што останал да лежи на асфалтот, а минувачите веднаш повикале Брза помош.
Екипата на Брза помош набргу пристигнала на местото и го однела тешко повредениот во Градската болница.
Според полицијата, сообраќајката се случила на раскрсницата од улиците Џон Кенеди и Ќемал Сејфула, кога дошло до судир на автомобил „опел“ и мотоцикл.