Хроника 14. мај 2020. / 11:16

Возилото во кое удри воз во кај Велес паднало од регионалниот пат

Возилото во кое удри воз во кај Велес паднало од регионалниот пат
Архива

Железници на РСМ Транспорт во врска со несреќата кај Велес соопшти дека возот удрил во возило кое претходно паднало од регионалниот пат Велес-Градско по што возот запрел на лице место и машиновозачот го пријавил случајот кај надлежните.

– Возот со број 40762 кој сообраќал на релација Гевгелија Трубарево, во месноста помеѓу Згрополци и Велес, на километар 506+200, удрил во патничко моторно возило марка Рено, кое излетало од регионалниот пат Велес- Градско и паднало во колосек. Во тој период наидува горенаведениот воз и удира во патничкото моторно возило од левата страна од возната локомотива 443-002. Возот запрел на лице место, по што машиновозачот настанот веднаш го пријавил на машински оперативец и ТК диспечер, кои потоа несреќата ја пријавиле во ПС Велес, се наведува во соопштението.

На местото на несреќата пристигнале екипи на Службата за итна медицинска помош, противпожарната служба и Комисија за вонредни настани при ЈП за железничка инфраструктура железници на РСМ и Железници на РСМ Транспорт АД Скопје.

– Како бевме информирани, во возилото имало четири возрасни лица и малолетно дете од две години, велат од Железници на РСМ Транспорт.