Хроника 13. март 2020. / 11:44

Возило му го турналo скелето: Работник од Прилеп тешко повреден

Возило му го турналo скелето: Работник од Прилеп тешко повреден

Градежен работник од Прилеп се здобил со тешки телесни повреди по пад од скеле кое било турнато од ретровизор на возило кое поминувало.

Имено, овој несекојдневен настан се одиграл вчера околу 10 и 50 часот на улицата Поп Аврамија во Прилеп кога товарно возило од марката „пежо“, при разминување со непознато возило, со десниот ретровизор удрило во необележана талпа од скеле, која била надвор од оградниот ѕид, по што од скелето паднал градежниот работник.

Лицето се здобило со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Општата болница Прилеп. На местото на несреќата увид изврши Јавен обвинител и увидна екипа од прилепската полиција.