Хроника 29. септември 2020. / 08:42

Возење без возачка, брзо возење: Вкупно 322 санкции во Скопје

Возење без возачка, брзо возење: Вкупно 322 санкции во Скопје

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 322 санкции.

Меѓу нив, за возење без возачка дозвола за 18 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење имало 105 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 13, санкционирани се 20 мотоциклисти, 75 мерки за непрописно паркирање, а изречени се и 29 санкции кон пешаци и 34 казни за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопшти МВР.