Хроника 29. јануари 2019. / 19:05

Воз удрил во одрони од карпа кај Велес, во прекин железничкиот сообраќај

Воз удрил во одрони од карпа кај Велес, во прекин железничкиот сообраќај

Товарен воз удрил во одрони од карпа на пругата и излетал од шините, попладнево во 17,10 часот, по Железничката станица „Рајко Жинзифов“ на пругата Велес-Скопје, информираат од СВР Велес.

Како што појасни портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски, локомотивата на товарниот воз излетала од шините и при тоа биле оштетени два столба и електрична сигнализација, а во несреќата машиновозачот, за среќа останал неповреден.

Железничкиот сообраќај е во прекин, бидејќи вработени од Македонски Железници ги отстрануваат одроните карпи од пругата, информира Додевски.