Во попладневните часови на 2 јуни во полиција било пријавено дека во непосредна близина на железничката станица „Криволак“, при разминување на два товарни воза помеѓу два колосеци, товарниот воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје удрил во мигрант од Авганистан.
Притоа, Авганистанецот се здобил со повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде бил пренесен за укажување лекарска помош.
Неготинската полиција извршила увид на местото на настанот.