Хроника 14. декември 2019. / 11:15

Воз удри во автомобил кај Лозово, едно лице повредено

Воз удри во автомобил кај Лозово, едно лице повредено

Вчера напладне на железничка пруга Велес-Кочани, на патен премин кај селото Лозово, се случи железничка незгода во која патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје-Кочани удри во автомобил со скопски регистарски ознаки.

Како што информираат од МВР, со автомобилот управувала 30-годишната И.Б.од селото Милино, која се здобила со повреди и била пренесена во Општата болница Велес, за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.