Триесетина минути по полноќ се случил вoopyжен нaпaд во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, а во инцидентот нема повредени.
Според информациите три лица со автоматски пyшkи влeтaлe во хотелот и отвориле oгaн.
– На 01.12.2019 г. околу 00:35 часот пријавено е пукање од огнено оружје во хотел Александар Палас во Скопје. Повредени лица нема. Според пријавеното, додека во ресторанот на хотелот седеле Е. И. (21), Е. И. (25), О. Б. (35), К.И. (41) и Љ.Ќ. (25) три лица почнале да пукаат кон нив. Тогаш Љ.Ќ., полициски службеник кој не бил на работа, испукал од службениот пиштол кон нив, по што тие заминале. Повредени лица нема, се наведува во соопштението од МВР.
Неофоцијално пукањето било поради лихварски долгови, а напаѓачите побегнале со фолсваген туарег.