Хроника 08. јули 2019. / 12:20

Вооружен грабеж во експозитура на Тутунска во Сарај

Вооружен грабеж во експозитура на Тутунска во Сарај

Вооружена група разбојници утрово извршила грабеж во експозитурата на НЛБ Банка АД Скопје во општина Сарај, пренесува „Сител“. Во моментот на случувањата во експозитурата биле присутни вработени и клиенти, при што сите се безбедни и во добра состојба.

Според информациите на телевизијата надлежните органи вршат увид на самото место и се во блиска соработка со Банката за што побрзо и ефикасно разрешување на случајот и разоткривање на деталите, за што јавноста ќе биде дополнително известена.