Владата вечерва ќе одржи вонредна седница по тешката сообраќајна несреќа која се случи на патниот правец Скопје – Тетово и во која загинаа 13 лица.
Од Владата уште соопштија дека премиерот Зоран Заев во текот на утрешниот ден ќе ги посети повредените кои се наоѓаат во болницата.
Владата на Република Северна Македонија вечерва во 22:30 часот ќе одржи вонредна седница по повод тешката сообраќајна несреќа која се случи на патниот правец Скопје – Тетово.
Премиерот Зоран Заев во текот на утрешниот ден ќе ги посети повредените кои се наоѓаат во болницата.
— Влада на Р. Северна Македонија (@VladaMK) February 13, 2019