Приведено е едно лице од Тетово кај кого полицијата пронашла повеќе пакувања марихуана, информира МВР.
На 23.04.2019 година во периодот од 11.30 до 12.20 часот полициски службеници од СВР Тетово извршиле претрес во домот и помошни простории, сопственост на Б.Л.(33) од Тетово. При претресот биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана- соопшти МВР.
Б.Л. е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.