Хроника 11. декември 2020. / 12:28

Во Тетово приведен 36-годишен маж кој физички ја нападнал својата сопруга

Во Тетово приведен 36-годишен маж кој физички ја нападнал својата сопруга

Триесетгодишна жителка на тетовско село вчера (10 декември) во 18 часот и 40 минути, во СВР Тетово пријавила дека еден час пред тоа во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот 36-годишен сопруг Ф.М.

Во 20 часот и 45 минути пријавениот е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово.

По целосното расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.