Хроника 18. јуни 2018. / 12:33

Во Тетово маскирани и вооружени се заканувале па извршиле кражба

Во Тетово маскирани и вооружени се заканувале па извршиле кражба

Кражба се случила синоќа во 22.00 часот во маркет на улица „Штипска“ во Тетово.

Имено, четири непознати маскирани лица извршиле разбојништво. Сторителите со закана со ножеви од вработените ги одзеле парите од дневниот промет и побегнале во непознат правец.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.