Хроника 11. октомври 2019. / 20:27

Во средно училиште момчиња се тепале со метални шипки

Во средно училиште момчиња се тепале со метални шипки

Вчера во 10 часот во Полициска станица Кичево било пријавено дека во средно училиште дошло до физичка пресметка.

Како што информира МВР, пресметката настанала меѓу 17- годишник од село Преглово и 15-годишник од село Пласница поради меѓусебно нетрпение, во која биле употребени и метални предмети, а со повреда се здобил 17-годишник кој се обидел да ги раздели. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.