Македонската кошаркарска легенда, Благоја Георгиевски – Буштур, го загуби својот живот во сообраќајна несреќа во Скопје.
Според пишувањето на дел од медиумите тој излетал од патот и удрил во бетонските блокови поставени покрај булеварот. Полицијата го истражува случајот.
Георгиевски почина на 69 години и беше потпретседател на МОК.
Тој беше еден од најпопуларните македонски кошаркари, кој своите најголеми успеси ги оствари во дресот на Работнички. Тој е и поранешен југословенски репрезентативец, кој со младинската југословенска репрезентација предводена од Лазар Лечиќ ја освои Балканијадата во Риека во 1970 година. Со истата оваа генерација има осоено четврто место на ЕП во Атина, додека на ЕП 1971 во Западна Германија до Југославија освоил сребрен медал. Бил и учесник на ЛОИ 1976 во Монтреал каде исто така освоил сребро.
Беше и селектор на Македонија и тренер на МЗТ Скопје, како и претседател на стручниот совет на МКФ.