Шестмина полицајци биле нападнати синоќа во Шуто Оризари додека преземале мерки за нормално одвивање на сообраќајот
„На пазарот ‘Европа’ во насeлба Шуто Оризари, шест полициски службеници од Полициската станица Чаир преземале мерки и активности со цел нормално одвивање на сообраќајот околу пазарот, каде што имало организиран панаѓур. Но, при извршување на задачите биле омаловажувани од непознато лице кое управувало патничко возило со скопски регистарски ознаки. При обид да го легитимираат, лицето го стартувало возилото и во два наврати со предниот дел удрило во полициските службеници. После тоа, излегло од возилото и со група непознати лица физички ги нападнале полициските службеници”, информира МВР.
Три лица се приведени и се преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот.