Хроника 29. декември 2020. / 17:52

Во штипскиот затвор пронајдена дрога и мобилен телефон

Во штипскиот затвор пронајдена дрога и мобилен телефон

Во затворот во Штип при контрола пронајдени биле мобилен телефон, марихуана и прашкаста материја

На 28.12.2020 во 20.55 часот во СВР Штип, од Казнено-поправната установа Затвор Штип било пријавено дека околу 19.45 часот, при контрола во кругот на установата биле пронајдени: мобилен телефон, марихуана и прашкаста материја, информира МВР.

Увид на местото извршиле полициски службеници од СВР Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.