Хроника 03. јули 2018. / 10:23

Во Прилеп прегазен пешак, возачот избегал

Во Прилеп прегазен пешак, возачот избегал

Четириесет и двегодишен пешак е тешко повреден во сообраќаjна несреќа што се случила вчера во Прилеп. Возачот избегал од местото на несреќата, а пешакот со тешки повреди е задржан во болница.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во 23,30 часот на улица Сотка Ѓорѓиески кога возило од непозната марка управувано од непознат возач удрило во пешакот А.П.(42) од Прилеп. По ова, возачот избегал, а повредениот бил пренесен во Општата болница во Прилеп каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Полицијата извршила увид на местото на настанот и трага по возачот.