Скопјанка пријавила дека околу 16 и 30 часот во близина на угостителски објект на улицата Кирил и Методиј, поради недоразбирање во сообраќајот за паркинг место, била физички нападната од своја сограѓанка.
Од полицијата соопштуваат дека при преглед на едно од возилата, голф 5 со скопски регистарски ознаки, кое го управувала пријавителката, полициските службеници пронашле и одзеле нож. Инцидентот бил пријавен во четвртокот.