Во 15 од делата употребена е физичка сила, а во едно и огнено оружје. Како најчести причини за насилството во семејството и годинава се наведуваат душевните растројства (15 дела), алкохол (2).
Од почетокот на годинава во полошкиот регион се регистрирани 17 кривични дела „семејно насилство“ од кои единаесет биле на тетовското подрачје и шест во гостиварско. Во единаесет биле констатирани телесни повреди, во пет случаи имало загрозување на сигурноста, а во еден случај имало противправно лишување од слобода.
Од СВР Тетово информираат дека покрај 17-те кривични дела кои се целосно расветлени и заокружени со соодветни поднесоци, во првите три месеци од оваа година, поднесени се и 59 поплаки (Тетово 36 и Гостивар 23). Овие случаи се расчистени со усно или писмено предупредување на пријавените. На семејно насилство, најмногу се поплакувале родители, додека најчести причини се душевните растројства и алкохолот. Според полот, во насилствата во семејството најмногу се инволвирани 15 машки, а имало и 3 женски лица-насилници.
Најчести „жртви“ на ваквиот вид насилство (15) се женски лица, претежно сопруги (сегашни, невенчани, поранешни), мајки (3), синови (3). Во 15 од делата употребена е физичка сила, а во едно и огнено оружје. Како најчести причини за насилството во семејството и годинава се наведуваат душевните растројства (15 дела), алкохол (2).
Минатата година (2017) на поширокото гостиварско подрачје регистрирани беа вкупно 28 кривични дела во кои биле инволвирани исто толку сторители. Од нив 17 биле повторници. Седумнаесет од делата се со нанесување телесна повреда, 2 загрозување со опасно орудие, 4 загрозување на сигурноста, 1 убиство и 4 обиди за убиство. Во тетовскиот регион, лани биле регистрирани 48 случаи на семејно насилство.