На крстосницата од булеварот „Туристичка“ и ул.„Распаке“ вчера во 17:30 часот во Охрид, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 29-годишниот Б.Џ. од Тетово и мотоцикл „Јамаха“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 47-годишниот Ј.Д. од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот Ј.Д..
Тој бил пренесен и задржан на лекување во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Охрид.