Хроника 18. ноември 2020. / 22:04

Во Неготино приведен скопјанец осуден на седум години затвор

Во Неготино приведен скопјанец осуден на седум години затвор

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потраги денеска во 12:50 часот на улицата „Јане Сандански“ во Неготино го приведоа Ј.Н. (38) од Скопје кој се барал со потерница од Основен суд Скопје 1, за издржување казна затвор од шест години и девет месеци.

Како што информираат од МВР, лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправна установа.