Хроника 15. февруари 2021. / 19:00

Во куќа во Арачиново пронајдени 1,5 килограми хероин, хашиш, марихуана

Во куќа во Арачиново пронајдени 1,5 килограми хероин, хашиш, марихуана

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Љ.А.(20) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство  и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 09.02.2021 во с.Арачиново, полициски службеници извршиле претрес на дом и други простории на пријавениот, при што во неговата викенд куќа пронашле и одзеле околу 1,5 килограми хероин, хашиш, марихуана, рачна метална преса и други предмети.