Вчера околу 17.30 часот пред црквата „Св.Никола“ во селото Псача, кривопаланечко, тројца полициски службеници забележале нарушување на јавниот ред и мир од страна на лицата Н.Д и Т.Д. од Крива Паланка и Н.Д. од с.Псача.
При преземање мерки, В.М., А.М. и Р.М., сите од село Псача, физички ги нападнале полициските службеници, информираат од Министерството за внатрешни работи.Лицата се приведени во полициска станица и по целосно расчистување на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.