Хроника 06. март 2019. / 17:18

Во Кавадаречко избија два големи пожари

Во Кавадаречко избија два големи пожари

Два пожари предизвикани од несовесно горење на отпад од лозја регистрира денеска Територијалната противпожарна единица. Ова за МИА го потврди командирот Александар Чадамов.

– Неконтролираното постапување со лозовите прачки по резидба секојдневно предизвикува и по неколку пожари. Со пламените јазици се бориме повеќе часови, веќе повикавме да дојдат и пожарникари кои не се на смена. Денешните пожари се во атарот на росоманските села Манастирец и Рибарци. Горат сува трева и нискостеблеста шума, но зафатени се и багремови дрвца-рече Чадамов.

Само денеска, од огнот се зафатени дваесетина хектари површин