Вчера во 21:15 часот на улица „Шишка“ во Кавадарци мотоцикл „Хонда ЦБР900“, управуван од 22-годишниот С.Л. од село Марена, кавадаречко, удрил во 18-годишната пешак Е.К. од Кавадарци, а потоа и во патничко возило „Голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот Д.Д. од Кавадарци.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобила Е.К., која по укажаната лекарска помош во Јавната здравствена установа Кавадарци била префрлена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.