Хроника 16. јуни 2020. / 11:12

Во Градската болница во Велес вчера донесено починато 7 годишно дете

Во Градската болница во Велес вчера донесено починато 7 годишно дете

Портпаролот на СВР Велес информира дека во текот на вчерашниот ден, во СВР Велес било пријавено дека во градската болницата во Велес било донесено починато седумгодишно дете.

Детето претходно предходно имало здравствени проблеми и утрото му се влошила состојбата.

По наредба на Јавен обвинител телото било испратено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје. Бил извршен увид на местото на настанот.