Хроника 22. април 2020. / 10:59

Во еден ден пронајдена марихуана кај тројца малолетници во Скопје

Во еден ден пронајдена марихуана кај тројца малолетници во Скопје

На 21 април во два одделни случаи полицијата пронашла марихуана кај тројца скопски малолетници.

Како што информираат од МВР, во првиот случај, во 16.10 часот, за време на ограничено движење, од полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит пазар бил приведен 17-годишен малолетник од Скопје. При извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Вториот случај бил во населбата Ново Лисиче на булеварот „АСНОМ“, кога од страна на полициски службеници биле приведени двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години, двајцата од Скопје. При извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.

По документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.