Кај 28-годишно лице од Тетово, од страна на полицијата вчера биле пронајдени пушка и канабис.
На 22.01.2021 во 08.00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Д.С.(28) од Тетово затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени ловечка пушка „Берета“ калибар 12 мм и семки од канабис.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.