Вкупно 11 полициски службеници се здобиле со повреди во вчерашниот протест за „Монструм“, информираат од МВР. За среќа, станува збор за полесни повреди.
Во полициска станица биле приведени 8 демонстрантина кои ќе им биде поднесена кривична пријава за „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“.
Поради безбедносни проценки демонстрантите биле запрени на Бит Пазар. Нападнати беа и новинарски екипи.
Протестот беше организиран поради незадоволството на семејствата на обвинетите во случајот „Монструм“ по изрекување доживотни казни затвор на обвинетите Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ, единствена казна затвор од 15 години за обвинетиот Фејзи Азири и единствена казна затвор од девет години на обвинетиот Хаки Азири, обвинети за петкратното убиство на пет лица кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година.
Кај Смилковското езеро беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.