Хроника 28. јули 2020. / 10:01

(ВИДЕО) Судар на автобус и два автомобила на излезот од Охрид, има повредени

(ВИДЕО) Судар на автобус и два автомобила на излезот од Охрид, има повредени

Утрово се случи сообраќајна несреќа на излезот од Охрид, на самиот надвозник, на патот кон Струга, објави „Скопје1.мк“.

Во несреќата учествуваа автобус и два автомобила.

Како што објавува „Скопје1.мк“ во сообраќајката се повредени три лица кои се пренесени во болницата во Охрид, но се уште нема информации за тежината на повредите.