Хроника 14. March 2019. / 09:52

(ВИДЕО) Страшна сообраќајка во Прилеп: Возилата искршени, траги од крв на асфалтот

(ВИДЕО) Страшна сообраќајка во Прилеп: Возилата искршени, траги од крв на асфалтот

Сообраќајна несреќа вчеравечер околу 22 часот и 30 минути се случила на раскрсницата во населбата Старо Корзо во Прилеп.

Во директниот судар учествувале автомобил и комбе кое превезувало патници. За среќа нема жртви, но има повредени јавува порталот Инфо Компас.

Траги од крв на асфалтот, но и огромно оштетување кај двете возила сведочи видео снимката направена непосредно по несреќата.

Полицијата ги утврдува причините како дошло до директниот судир, а повеќе информации најави за денешниот ден.