Хроника 06. ноември 2020. / 09:56

(ВИДЕО) Приведен 29-годишен дилер од неготинско: Запленети 50 килограми марихуана

(ВИДЕО) Приведен 29-годишен дилер од неготинско: Запленети 50 килограми марихуана
Фото: илустрација

Педесет килограми марихуана биле запленети синоќа во неготинско, при што приведен бил 29-годишниот Е.Е., потврдија од МВР.

-Во рамките на засилените мерки и активности на Министерството за внатрешни работи за сузбивање на нелегалната трговија со наркотици, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи- Единицата за недозволена трговија со дрога, во координација со СВР Велес и ОВР Неготино, синоќа на подрачје на селото Дуброво, Неготино, по претходно добиена судска наредба, извршија претрес на дом и други простории, појаснија од МВР.

Претресот бил во дом и други простории на 29 – годишно лице. При претресот, во помошни простории кои ги користело лицето, пронајдени биле околу 50 килограми марихуана.

Лицето било приведено, а по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.