Хроника 03. јануари 2021. / 08:35

(ВИДЕО) Пламените јазици стигнале до третиот кат, снимка од внатрешноста на „Глобал“

(ВИДЕО) Пламените јазици стигнале до третиот кат, снимка од внатрешноста на „Глобал“

Локалната телевизија ТВ Канал Вис од Струмица објави ексклузивна снимка од внатрешноста на трговскиот центар „Глобал“ во Струмица.

Пожарот, кој избувна синоќа по 23 часот во Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица е изгаснат рано утринава, а на одредени места во внатрешниот дел, каде се сместени поголем број тезги и продавници се уште тлее и повремено се појавуваат мали пламени јазици.

Изгорени се повеќе од десет продавници, внатрешниот дел каде е сместен пазарот и тезгите во најголем дел е изгорен, зафатен е супермаркет во внатрешноста, а пламените јазици зафатиле и делови до третиот кат од трговскиот центар.

Колку пожарот бил силен покажува и снимката на локалната телевизија Вис од Струмица