Хроника 16. април 2019. / 16:08

(ВИДЕО) Обиен штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци: Украдени податоци

(ВИДЕО) Обиен штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци: Украдени податоци

СДСМ се уплашени. Заев и Пендаровски знаат дека губат, соочени со неминовниот изборен пораз ја покажаа целата своја нервоза. Вчера во доцните вечерни часови е обиен штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Насилниците причиниле материјална штета и изнеле партиска документација. Тоа сосема јасно укажува на мотивите на сторителот, чија цел биле партиските информации.

Заев, Пендаровски и Спасовски се прочитани од граѓаните. Ниту еден обид за заплашување не поминува.

ВМРО-ДПМНЕ уредно го пријави случајот во МВР и екипи на полицијата извршија увид. Ова е трет вандалски чин врз имотот на партијата во градот за период од 7 месеци. За претходните два нема завршница, истото го очекуваме и за овој.

Јасно им порачуваме на сторители, кои се охрабрени од моменталната власт. Одговорност ќе има. Дури и сега да се спасите, со доаѓањето на правната држава и владеењето на правото во Република Македонија одговорност за секој прекршок и криминално дело ќе има. Без разлика кој и да е сторителот.

Почитувани,

Заплашувањата се знак на немоќ, знак дека го СДСМ го губи тлото под нозете. Но залудни се сите обиди да се заплашат граѓаните. Граѓаните јасно застанаа зад ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Сиљановска Давкова.

ВМРО-ДПМНЕ не се плаши! Напротив ќе продолжиме уште појако, ќе допреме до секој еден граѓанин, ќе му ги предочиме штетните политики на оваа Влада и ќе ја презентираме нашата визија за Република Македонија.

21 април и 5-ти мај се почетокот на крајот на оваа неуспешна приказна за Македонија. На чело со Гордана Сиљановска Давкова како Претседател на Република Македонија ќе почне падот на СДСМ, изјавија на прес конференецијата на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.