Министерството за внатрешни работи во соработка со Агенцијата за национална безбедност и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презеде оперативно тактички мерки и активности што резултираа со сузбивање односно приведување на трочлена терористичка група која делувала на територијата на Република Македонија.
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против Б.А. (28) од Куманово, а кој престојува во Скопје, за сторено кривично дело „терористичка организација“ предвидено и казниво по член 394-а став 1 и „тероризам“ по член 394-б став 6 в.в. став 1, како и против В. А. (22) и Е. Љ. (25), двајцата од Куманово, за сторени кривични дела „терористичка организација“ по член 394-а став 2 и „тероризам“ по член 394-б став 6 в.в став 1 од Кривичниот законик.