Македонец, Србин и Црногорец се уапсени за обид за убиство на шефот на Кавачкиот клан, Радој Звицер во Украина, кој вчера беше тешко ранет во центарот на Киев.
Напаѓачите при апсењето пружиле отпор и се обиделе да побегнат, соопштила тамошната полиција.
Напаѓачите по испуканите истрели кон Звицер се обиделе да не остават ни трага па го запалиле автомобилот со кој што го извршиле нападот.
Нападот се случил во близина на елитен станбен комплекс во украинскиот главен град Киев.