Попладнево во Штип се случил голем инцидент откако настанала физичка пресметка помеѓу две навивачки групи.
Станува збор за навивачката група „Фаланга“ на ФК Брегалница и „Лозари“ на ФК Тиквеш.
Морала да интервенира полицијата за разбивање на толпата, а неколкумина учесници во овој инцидент се приведени.
Како што може да се забележи од видеото има и повредени, а биле употребени палки и тврди предмети. Полицијата работи на расчистување на случајот.