Трговецот Саид Јусуфи од населбата Скопје-Север има маркет и магацин во близина на економското училиште „Арсени Јовков“ и во два обида крадци успеле да го „олеснат“ за повеќе од пет илјади евра.
Првиот пат украле стока во вредност од 1.700 евра, а вториот пат пред 3 недели од магацинот украле цигари во вредност од 3.500 евра. Тој раскажувајќи за „Независен весник“ вели целиот случај е снимен со безбедносните камери, но иако го испратил снимениот материјал до полицијата, уште не добил одговор за тоа дали разбојниците се приведени и дали украдената стока ќе му биде вратена.
Според него, се работи за 10 лица кои многу често крадат од становите во Чаир. Тој е сигурен дека полицијата ги знае крадците, но не презема мерки. Како што вели, првично еден од полицајците му кажал дека фатиле еден крадец, а потоа дека не можеле никого да фатат.