Автомобил од марката „Бентли“ со скопски регистерски таблички со голема брзина поминува среде поставените украси на плоштадот „Македонија“ каде што во овој претпразничен период обично се собираат многу посетители и деца.
На видеоснимката објавена на социјалните мрежи се гледа како граѓаните кои се затекнаа под украсот панично бегаат.
Оригиналното видео, пред да биде раширено по останатите социјални мрежи, било објавено на „Тик-ток“ од профилот „Бурим Харачина“.
Јавноста бара одговори и од скопскиот градоначалник Петре Шилегов и секако, од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Случајот е пријавен во полиција и се работи на негово расчистување.