Хроника

Велешанец со тешки повреди заврши на скопските клиники

Велешанец со тешки повреди заврши на скопските клиники

Вчера во 09 часот и 10 минути во Велес на улица „Коце Димов Витамин“ 63- годишниот Ѓ.Ј од Велес управувајќи моторцикл „Баотиан“ со велешки регистарски ознаки изгубил контрола над моторциклот и паднал. се вели во соопштение од МВР.

По незгодата возачот со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Здраствен дом Велес, каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Поради сериозноста на повредата е префрлен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.