Хроника 30. септември 2019. / 09:43

Ужас во Кочани: По крвава тепачка жена си го убила сопругот

Ужас во Кочани: По крвава тепачка жена си го убила сопругот

Жена од Кочани по семејна расправија со нож го убила сопругот дознава „Слободен печат“.

Убиството се случило утринава во дворот од семејната куќа во Кочани. На немилиот настан му претходела расправија меѓу сопружниците, но и тепачка.

Во тепачката меѓу сопружниците пред убиството сериозни повреди здобила и сопругата која со возила на Итна помош била пренесена во болница.

Од полицијата во Кочани велат дека во тек е детална истрага за случајот, а повеќе детали за немилиот настан најавија во текот на денот.