Во 10,45 часот било пријавено дека во Охрид во куќа на улицата „Питу Гули“ бил пронајден починат 26-годишниот А.Д. од Велес, кој живеел како потстанар.
Смртта била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.