Хроника 30. октомври 2019. / 14:47

Уште еден пожар на автомобил во Штипско

Уште еден пожар на автомобил во Штипско

Во штипското село Стар Караорман рано утринава настанал пожар на возило. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека од пожарот делумно е оштетено патничко моторно возило „туарег“, со бугарски регистерски таблички, а во сопственост на 58 годишниот Б.Ј.

Сопственикот на возилото ја повикал полицијата, извршена е истрагата, но во моментов од полицијата велат дека анализите треба да покажат дали станува збор за случајно или намерно палење на возилото.

Командирот на Територијалната Противпожарна единица, Тони Атанасов за МИА вели дека овој случај кај нив не е пријавен од страна на сопствениците.

Ова е 21 случај на палење на автомобил во Штип од почетокот на годината па до денеска. СВР-Штип вчера излезе со информација дека кај шест случаи утврдено е оти станува збор за дело на пиромани, а еден од случаите е решен и е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство-Штип.