Хроника 27. јануари 2019. / 10:43

Украле паричник од автомобил, па од картичка повлекле 48.000 денари

Украле паричник од автомобил, па од картичка повлекле 48.000 денари

Двајца скопјани украле паричник од автомобил, па од кредитна картичка извадиле 48.000 денари од банкомат, информираше МВР:

Станува збор за А.А.(46) и Х.А.(46) против кои Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Карпош и Ѓорче Петров до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава поради постоење на основи на сомнение дека сториле две кривични дела.

Освен за тешка кражба, А.А. и Х.А. се товарат и за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.

Според полицијата, осомничените на 12.11.2018 година на улицата Бледски Договор од автомобил украле паричник во кој имало лични документи и кредитни картички. Потоа со една од картичките за која имало ПИН во паричникот од банкомат успешно извршиле трансакција на 47.800 денари.

По наредба од судија за претходна постапка извршен е претрес на дом и други простории при што пронајдени се предмети кои потекнуваат од кривичните дела. Пријавените се лишени од слобода.