Хроника 05. мај 2018. / 18:15

Украл возило па седнал во сендвичара: Штипјанец ја нападна полицијата

Украл возило па седнал во сендвичара: Штипјанец ја нападна полицијата

Во 18 часот и 25 минути вчера во Штип на улицата „Кирил и Методиј“, од страна на полициски служеници од Полициската станица Штип било забележано патничко моторно возило „Рено Канго“ со штипски регистерски таблици сопственост на З.Ш. кое предходно било пријавено за одземено.

Потоа на една од масите во сендвичарата бил забележан 38-годишниот Б.ХЈ. од Штип кој претходно го управувало возилото. Полициските службеници пристапиле за легитимирање, но истиот физички ги нападнал.

Од страна на полициските службеници лицето било приведено и задржано во полициска станица и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.