Хроника 12. март 2020. / 18:15

Украл возило па бегајќи го прегазил сопственикот, кривична за жител на Грчец и двајца други

Украл возило па бегајќи го прегазил сопственикот, кривична за жител на Грчец и двајца други

СВР Тетово поднесе кривична пријава против триесет и три годишен жител на скопското село Грчец, и две непознати лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“ и две кривични дела „одземање на моторно возило“.

Имено лицата во ноември месец минатата година во Тетово извршиле разбојничка кражба одземајќи автомобил од марката „ауди а6“ во сопстевност на триесет и двегодишен тетовчанец. Тој ги забележал крадците и се обидел да ги спречи, но го прегазиле и заминале.

Освен ова кривично дело, од тетовксата полиција наведуваат уште за две кривични дела, одземање на туѓо моторно возило, кои групата ги сторила во периодот од јули до крајот на септември во Тетово, при што го користеле невниманието на сопствениците, кои возилата ги оставале со вклучен мотор, по што пријавените влегувале и ги одземале возилата.