Хроника 02. септември 2018. / 17:01

Убиството во Велгошти е расчистено, осомничениот е во притвор

Убиството во Велгошти е расчистено, осомничениот е во притвор

Расчистено е суровото убиство во село Велгошти, каде што 47-годишната Б.П. беше најдена мртва во нејзината куќа на улицата „Илинденска“, со пластична кеса на главата. Полицијата му одреди притвор од 30 дена на осомничениот, 62-годишниот И.К. од Охрид.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „убиство“, СВР Охрид до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против И.К. (62) кој живее во Охрид.

Пријавениот, казненото дело го сторил во периодот од 29.08 до 31.08. 2018 година во куќа на улицата „Илинденска“ во охридското село Велгошти, сопственост на Б.П.(47) од Охрид, со постојано место на живеење во селото Велгошти.

По преземени мерки и актовности, на 31.08.2018 година во 21 часот, И.К. е пронајден во куќа во Струга и лишен од слобода, а од стана на судот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.