Хроника 13. април 2020. / 08:18

Убиство кај Клинички центар, син го заклал татко си

Убиство кај Клинички центар, син го заклал татко си
фото: архива

Син го убил својот татко во близина на Клиничкиот центар ноќеска околу полноќ.  На убиството му претходела меѓусебна расправија која кулминирала кога синот извадил нож и го заклал татко си.

Според полициски извори, 55 годишниот маж се оидел да побара помош и тргнал кон Клиничкиот центар, но се претпоставува дека поради обилното крварење не успеал да стигне до лекарска помош.

Нофицијално, таткото и синот живееле во непосредна близина на Клиничкиот центар, а подолг период имале меѓусебни расправии кои често биле насилни.

Полицијата веднаш го уапсила убиецот, а допрва ќе се утврдуваат мотивите за убиството.

Повеќе детали се очекуваат во текот на денешниот ден.